ОФИЦИЈАЛНО: Милош Керкез е нов фудбалер на Ливерпул

Англискиот фудбалски шампион Ливерпул продолжува со составување на моќен тим со кој ќе се обиде да ја одбрани титулата во Премиерлигата.

По Вирц и Фримпонг, „црвените“ од „Енфилд“ денеска го официјализираа и третото засилување за ова лето.

Се работи за унгарскиот репрезентативец и досегашен член на Бормут, Милош Керкез.

„Вистинска чест е за мене да дојдам да играм за еден од најголемите клубови во светот. Навистина сум среќен и возбуден. После ова, ќе си одам дома и во мојот роден град ќе уживам неколку дена, а потоа едвај чекам да се вратам и да почнам да тренирам и да се подготвувам за сезоната“, изјави Керкез. 

Се вчитува...