Најголемата фудбалска ѕвезда на денешницата Кристијано Роналдо и официјално го продолжи договорот со Ал Наср до 2027 година.
Бројките на новиот договор се повеќе од астрономски. Роналдо потпиша нов двегодишен договор за неверојатни 400 милиони евра годишно, со што останува најплатениот фудбалер во светот.
Факт е дека Роналдо и тоа како ја зголеми популарноста на лигата во Саудиска Арабија, па затоа од Ал Наср доби и малцински удел во сопственоста на Ал Наср.
А, прецизните „трансфер-аналитичари“ веќе пресметаа колку Кристијано Роналдо ќе заработува во секој секунда, во минута, на ден, недела… низ овие две следни две години во Ал Наср.
🚨💶 Cristiano Ronaldo’s new contract at Al-Nassr:
• €400M/year
• €33.34M/month
• €7.6M/week
• €1.1M/day
• €46,300/hour
• €772/ minute
• €13/second pic.twitter.com/Tj86Uv1wOF— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) June 26, 2025
Досега Роналдо има 93 голови на 105 натпревари за Ал Наср, но и се уште ја чека првата титула со клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

