Феноменален гол на Савињо, Манчестер сити со „петарда“ против Јувентус за осминафинале (ВИДЕО)

Манчестер сити му сервираше „петарда“ на Јувентус во одлучувачкиот натпревар за првото место во Групата Г на Светското клупско првенство.

„Граѓаните“ убедливо славеа со 5-2 против „Старата дама“ и како првопласирани во групата продолжуваат во осминафиналето на турнирот, заедно со Јувентус кој продолжува како второпласирана екипа од оваа група.

Доку со гол уште во 9. минута ја најави победата на Манчестер сити, иако Јувентус брзо израмни со голот на Копмајнерс во 11. минута.

Но, во 26. минута повторно водство за Сити благодарение на автоголот на Калулу. Потоа во второто полувреме Халанд зголеми на 3-1, а Фоден донесе и 4-1. За да биде 5-1 се погрижи Савињо во 75. минута, а Влаховиќ во 84. минута успеа само да постигне и втор гол за Јувентус.

Во вториот натпревар во оваа група, Ал Аин го победи Видад со 2-1.

Се вчитува...