Мбапе доби жестоки закани: „Остави го ПСЖ на мир, инаку ќе кажам што се не правиш во моментов на Палм бич…“

Килијан Мбапе, кој во моментов со Реал Мадрид се наоѓа на Светското клупско првенство во САД, се одлучи да го тужи својот поранешен клуб ПСЖ за „морално вознемирување“. Токму деновиве излегоа во јавност информациите дека ѕвездата на Реал Мадрид е на суд со својот поранешен тим и бара од ПСЖ да му ги исплати 55-те милиони евра што наводно му ги должат.

Па, сето тоа не му се допадна на познатиот француски рапер „Буба“, инаку голем фан на ПСЖ, кој се огласи на социјалната мрежа X за да му се „закани“ на напаѓачот на Реал Мадрид.

„Ако не го оставиш Насер Ал-Келаифи [претседателот на ПСЖ, н.з] на мир, ќе кажам јавно што се правиш на Палм Бич, со кого си и зошто те боли стомакот“ – гласеше пораката напишана од францускиот рапер, осврнувајќи се на гастроентеритисот од кој страдаше напаѓачот на Реал Мадрид минатата недела, ослабувајќи пет килограми.

Но, „Буба“ не застана тука…

„Играј фудбал, постигнувај голови и продавај дресови. Нема да нè вознемируваш уште многу, Кики. Извади го паричникот!“

Килијан Мбапе играше седум сезони за ПСЖ, од 2017 до 2024 година. Тој даде вкупно 256 гола на 308 натпревари и со тоа стана најдобар стрелец во историјата на парискиот гигант. Освои шест титули, четири француски купа, два Лига купа и три француски Суперкупа. Играше и во финалето на Лигата на шампионите во 2020 година, во кое ПСЖ загуби од Баерн. Откако тој замина од клубот, ПСЖ сезонава ја освои Лигата на шампионите.

Се вчитува...