Јунајтед го носи голманот на Аталанта како замена за Онана!?

Манчестер Јунајтед бара голман кој ќе го замени Андре Онана. Еден од кандидатите е голманот на Аталанта, Марко Карнесеки.

Како што пренесуваат англиските медиуми веќе се почнати преговорите меѓу двете екипи за трансфер на 24-годишниот Карнесеки.

Карнесеки прими 45 гола на 44 натпревари минатата сезона за Аталанта, останувајќи со „чиста мрежа“ на 13 натпревари. Тој е под договор со Аталанта до јуни 2028 година. Неговата вредност во моментов е 25 милиони евра.

Се вчитува...