И тоа го има: Судија уапсен среде натпревар… (ВИДЕО)

Неверојатни сцена за време на натпревар во Бразил. Специјални полициски сили упаднаа на терен среде натпревар и го апсеа главниот судија Едерсон Карлос да Силва, кој во тој момент, му покажуваше жолт картон на еден од играчите.

Полициските сили го опколија судјата на средина од теренот, и го приведоа со ставени лици пред присутните збунети фудбалери на двете екипи.

Како што пренесоа бразилските медиуми, судијата бил вмешан во трговија со дрога во Сао Паоло. Едерсон Силва бил задолжен за логистиката на криминалната организација.

Се вчитува...