Легендарниот англиски фудбалер и актуелен сопственик на Интер Мајами, 50-годишниот Дејвид Бекам бил опериран откако претходно бил префрлен во болница поради силни болки во зглобот, објавија светските медиуми.
Како што се наведува, на славниот Англичанец успешно му е извршена операција за отстранување на хируршка завртка на подлактицата, која му била ставена откако поранешниот фудбалски ас се повреди на натпреварот на репрезентацијата на Англија против Јужна Африка во 2003 година.
Забележано е дека во последните денови болките станале посилни, па на Бекам му била препорачана операција.
Здравјето на Дејвид Бекам предизвика загриженост кај фановите откако неговата сопруга, дизајнерката и поранешна членка на „Spice girls,# Викторија Бекам, сподели негова слика од болничкиот кревет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

