Перишиќ на крајот потпиша нов договор со ПСВ Ајндховен

Иако се пишуваше дека Иван Перишиќ би можел да потпише за Барселона, хрватскиот репрезентативец сепак ја продолжи верноста кон ПСВ, каде одигра брилијантно оваа сезона.

Иван Перишиќ потпиша нов договор со ПСВ до летото 2027 година, соопшти во петокот вечерта клубот од Ајндховен.

„Ова е прекрасен ден за мене и за моето семејство. Минатата сезона беше одлична за нас. Постигнав многу голови и направив многу асистенции, но освојувањето на титулата беше врв за сите нас. Навивачите беа фантастични и им благодарам. Исто како и моите соиграчи, очекувам и навивачите да направат чекор напред следната сезона“, изјави Перишиќ по потпишувањето на договорот.

Минатата сезона Перишиќ постигна 16 гола со 11 асистенции во дресот на ПСВ во сите натпреварувања.

Се вчитува...