Локалните власти одобријаа големо реновирање на „Сити граунд“, стадионот на Нотингем Форест.
Како што јави Би-Би-Си, плановите предвидуваат уривање на трибината „Питер Тејлор“ и негова замена со трибина со 10.000 седишта, со што вкупниот капацитет на „Сити граунд“ би се зголемил на 35.000.
Моментално капацитетот на стадионот е точно 30.404 седишта. Одборот за планирање на окружниот совет едногласно ја одобри целосната планска дозвола, под голем број услови.
Нотингем Форест е поранешен двократен европски шампион, заврши на седмото место минатата сезона и се квалификуваше за Конференциската лига на УЕФА, што значи дека ќе игра на европска сцена за прв пат по 29 години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

