Поранешниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп го критикуваше Светското клупско првенство во САД.
Германскиот селектор смета дека учеството на Светското клупско првенство ги изложува фудбалерите на висок ризик од повреди.
„Ова е најлошата идеја имплементирана во фудбалот. Ги разбирам оние кои велат дека клубовите ќе заработат луда сума пари за учество на овој турнир. Но, ова не важи за сите клубови. Минатата година беше Копа Америка и Европското првенство. Оваа година е Светското клупско првенство, а следната година го имаме Светското првенство. Тоа значи дека играчите нема да имаат време да се опорават ниту физички, ниту психички. Турнирите како Светското клупско првенство не треба да се одржуваат на сметка на играчите. Не би го посакал тоа на никого“, изјави Јирген Клоп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

