Англија преку Германија до титулата на ЕП до 21 година (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Англија до 21 година ја одбрани титулата на Европското првенство, откако вечерва во финалето во трилер меч по продолженија славеше против Германија со 3-2.

Англичаните поведоа со 1-0 со голот на Харви Елиот во 5. минута, а веќе во 25. минута беше 2-0 со голот на Хачинсон.

До крајот на првиот дел Германците намалија на 2-1 со голот на Вајпер во првата минута од судиското продолжение.

Во вториот дел Небел во 61. минута израмни на 2-2. До крајот на 90 минути мрежите мируваа, а мечот замина во продолженија. Таму, Англија стигна до ново водство од 3-2 со голот на Роу во 92. минута.

England U21 [3]-2 Germany U21 – Jonathan Rowe 92'
byu/MeladroitTM insoccer

За „гордиот албион“ ова е четврти трофеј на Европските првенства до 21 година.

 

Се вчитува...