Нов прекин на Светското клупско првенство поради лоши временски услови (ВИДЕО)

Уште еден натпревар на Светското клупско првенство во САД мораше да биде прекинат поради лошите временски услови.

Во Шарлот се сретнаа во осминафиналето Челси и Бенфика. Во 87. минута натпреварот беше прекинат откако стигна предупредување за невреме во овој американски град.

При прекинот Челси имаше водство од 1-0 со фантастичниот гол од слободен удар на Рис Џејмс.

Се вчитува...