Голд куп: Мексико и Хондурас први полуфиналисти

Селекциите на Мексико и на Хондурас се првите полуфиналисти, и ќе играат меѓусебно во битка за финале на Голд Купот.

Хондурас дури по изведувањето на пенали ја совлада и елиминираше Панама. Во регуларниот дел беше 1-1. Диаз од пенал ја доведе селекцијата на Панама во водство, а Лозано во 82. минута израмни.

Во продолженијата немаше промени, а во пенал серијат аодлучувачка беше шестата серија. Најпрво Лозано пропушти можност да го реши победникот по пет пенали, затоа во шестиот Гереро промаши за Панама, а Пинеда погоди со што ја донесе победата од 5-4.

Мексико, пак, со 2-0 ја  совлада селекцијата на Саудиска Арабија. Вега и автоголот на Маду ја донесоа победата.

Се вчитува...