Ајакс суспендира и дава откази на фудбалери со цел да ги намали трошоците за плати

Холандскиот гигант Ајакс Амстердам се реши со непопуларен потег да ги зајакнува финансиите на клубот. Така клубот известил неколку играчи дека не смеат да тренираат со првиот тим.

Информацијата ја потврди холандскиот „Де Телеграф“ повикувајќи се на извори блиски до клубот. Така според изданието, техничкиот директор Алекс Круз ги информирал играчите дека Чуба Акпом, Карлос Форбс, Борна Соса, Кристијан Хилсон, Кристојан Расмусен, Џеј Гортер и Бранко ван ден Бомен дека нема повеќе да може да ги користат просториите за првиот тим.

Тие сега може да го користат теренот и салата само по ручекот на првиот тим. Исто така им се одземени и паркинг местата, а за сите е достапен само еден физиотерапевт.

Извршниот одбор донесе ваква одлука поради проблемите со финансиите. Акпом, Форбс, Соса и Ван ден Бомен беа купени од поранешниот директор Свен Мислинтат, кој работеше од мај до септември 2023 година. Во летото 2023 година потроши 120 милиони за 12 играчи, и сите добиле високи плати. Ниту еден од нив не одиграл значајна улога во тимот минатата сезона, во која титулата беше загубена на сензационален начин. А, после пласманот во Лигата на шампионите, според договорите нивните плати пораснаа за цели 50%.

Автоматското зголемување значи дека Акпом, Форбс и Соса ќе заработат по 10 милиони евра заедно. Хилсон, Расмусен и Гортер си заминуваат поради тоа што раководството одлучило дека немаат квалитет за Ајакс.

Се вчитува...