Милан му се заблагодари на Абрахам и го врати во Рома

Англискиот напаѓач Тами Абрахам, заврши со Милан и се враќа во Рома откако му истече позајмицата. Милан имаше опција да го откупи, но се реши да не ја активира, па новиот тренер Масимилијано Алегри ќе бара ново решение во нападот.

Абрахам го носеше дресот на Милан во последната сезона. Сега се враќа во Рома, со кого има договор до 2027 година. Меѓутоа веројатно ниту Рома нема да го задржи, и ќе го стави на трансфер листа.

За него има интерес од Саудиска Арабија, како и од Англија. Милан претходно на истиот начин му се заблагодари и на Кајл Вокер, кој се враќа во Манчестер Сити, но и таму нема да остане и ќе замине во друг клуб.

Се вчитува...