Челси прави „атомски“ напад: После Гитенс, го купува и Жоао Педро

Челси е во напредни преговори за ангажман и на Жоао Педро од Брајтон. Покрај тоа што ќе го ангажира Џејми Гитенс од Борусија Дортмунд, со кого има договор на 65 милиони евра со се бонуси, сега ќе го купува и Бразилецот за дополнително да ја засили офанзивата.

23-годишниот Педро, кој стигна и до бразилската репрезентација, треба да го предводи нападот на „сините“ во походот кон шампионската титула во Англија идната сезона.

Во минатата сезона Педро на 27 меча постигна 10 голови и запиша шест асистенции.

Се вчитува...