Португалецот кажа дека сака да освои некоја титула со Ал НАср.
„Сакам да се натпреварувам со најдобрите тимови во Саудиска Арабија и да победам. Ќе видиме кој е подобар на крајот. Имаме одличен однос со навивачите, па сакам да останам уште две години. Не само од таа причина, туку и од животна гледна точка. Не станува збор само за фудбал, секогаш сакам да придонесувам за земјата. Но, секако, улогата на навивачите во мојата одлука е многу важна. Знам дека луѓето ме сакаат, и јас ги сакам. Сакам да продолжам да им давам радост на овие луѓе, бидејќи тие секогаш ме поддржуваат. И како што реков, сакам да освојам голем трофеј со овој клуб. Не само Купот на арапските шампиони, кој го освоивме пред две години, туку нешто поголемо. Верувам дека имаме потенцијал да освоиме позначајни титули“, изјави Роналдо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

