Меси и соиграчите не може да веруваат: ПСЖ за едно полувреме им даде четири гола (ВИДЕО)

Екипата на ПСЖ апсолутно ја оправда улогата на фаворит на дуелот против Интер Мајами, предводен од Меси, Суарез, Алба и Бускетс, давајќи четири гола во првото полувреме, и така води со убедливи 4-0.

Меси не можеше да верува што му се случува, а ПСЖ само ја тресеше мрежата на Устари. Жоао Невеш во шестата и во 39. минута донесе 2-0. Авилес со автогол зголеми на 3-0 во 44. минута, за во третата минута од судиското надополнување и Хакими се запише во листата на стрелците.

Победникот е веќе одлучен, само прашање е со колкава гол разлика ПСЖ ќе се пласира во 1/4 финалето.

Головите од првиот дел може да ги видите на следниот ЛИНК.

Се вчитува...