ПСЖ „застана“ на четири гола, крај за Меси и Интер Мајами на Светското клупско првенство (ВИДЕО)

Европскиот првак ПСЖ за само едно полувреме го реши победникот во дуелот со Интер Мајами, и така го елиминираше Меси и неговите соиграчи од Светското клупско првенство.

По полувремето тимот од Париз имаше предност од 4-0 и целосна доминација на мечот. Жоао Невеш со два гола, потоа автогол на Авилес за 3-0. Пред крајот на полувремето погоди и Хакими за 4-0.

Сепак, во вториот дел немаше промена на резултатот. Интер Мајами заигра подобро и понгажирано, имаше и неколку добри шанси да ја намали разликата, но не успеа. За ПСЖ, пак, важно беше само да го приведат мечот рутински до крајот, и успеаја во тоа.

Сите интересни моменти на мечот на следниот ЛИНК. 

Се вчитува...