Шведскиот напаѓач Виктор Ѓокереш нема да игра повеќе за Спортинг. Голгетерот не бил задоволен од последните изјави на претседателот Фредерико Варандас, кој кажа дека „Ѓокереш ќе го напушти тимот, само ако има лош менаџер“.
Ѓокереш вели дека раководството на клубот го прекршило договорот, според кој на Виктор требало да му биде овозможен трансфер ова лето. Играчот се чувствува предаден.
За Швеѓанецот има интерес од многу клубови, а меѓу „најзагреаните“ се Арсенал и Манчестер Јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

