Абрахам денеска замина од Милан, утре ќе биде промовиран во новиот клуб

Англискиот фудбалер Теми Абрахам само што го напушти Милан денеска, утре веќе ќе биде промовиран во новиот клуб. Негова нова средина ќе биде Бешикташ, со кого веќе сите детали се договорени, а турскиот клуб ќе го ангажира со перманентен трансфер.

Сумата која Рома ќе ја добие за овој фудбалер изнесува 15 милиони евра, цифра која Милан не ја плати и го врати на римскиот тим, од каде веднаш се „пренасочува“ кон Истанбул.

Ова ќе биде негов прв предизвик во Турција, откако во минатото покрај Италија, играше и во Англија, и тоа во екипите на Челси, Бристол Сити, Свонси и Астон Вила. Абрахам ќе биде замена за Чиро Имобиле, кој треба да се врати во Серија А и да потпише за Болоња.

Се вчитува...