Францускиот интернационалец во дресот на Челси, Крисофер Нкунку би можел на крајот да заврши на „Олд Трафорд“, во дресот на Манчестер Јунајтед. Според информациите, Јунајтед претходно бил заинтересиран за овој фудбалер, но проблем била превисоката цена – 60 милиони евра.
Меѓутоа сега ситуацијата е сосема поинаква. Челси веќе ги ангажираше Џејми Гитенс и Жоао Педро, па така веројатно ќе се одлучат и на продажба на Нкунку и тоа за помала цена – 40 милиони евра.
Тоа веројатно ќе му одговара на Манчестер, кој е подготвен да инкасира во него, откако пропадна можноста да го ангажираат Виктор Ѓокереш, кој се одлучи за трансфер во Арсенал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

