Зарем е можно: Ѓоковиќ се повреди пред осминафиналето на Вимблдон?!

Новак Ѓоковиќ делувa моќно на досегашните мечеви на Вимблдон, но фановите на српскиот ас се загрижени во пресрет на утрешниот осминафинален дуел против Алекс де Минор од Австралија. Причина – денешната фотографија од тренингот на Новак на која се гледа како тој има стегач на коленото на десната нога.

Ѓоковиќ пред една година на Ролан Гарос го повреди менискусот на десното колено, а фановите се загрижени бидејќи Новак пред самиот крај на последниот дуел со Крајиновиќ незгодно падна. Тој загуби два гејма во низа, но успеа да го приведе мечот до крај, а појавувањето на тренинг со стегач на коленоот само придонесе да се појави страв дека повторно станува збор за проблем со коленото.

Засега од таборот на српскиот тенисер нема никакво објаснување дали станува збор за некаква повреда, па останува да видиме дали тоа ќе се одрази врз настапот на Ѓоковиќ на утрешното осминафинале со Де Минор.

Се вчитува...