Се огласи Ивиќ: Си ја сакам татковината, но го почитувам и туѓото, така сум воспитан…

Филип Ивиќ го напушти Е. Пелистер за да потпише договор со Војводина, но тоа се претвори во кошмарен трансфер откако Хрватот беше избркан од српкиот клуб поради неговото присуство на концертот на Томпсон во Загреб.

Станува збор за контроверзен пејач кој изгради кариера со бројни патриотски хрватски песни, српската јавност бурно реагира на сите негови собири, а кога Ивиќ објави фотографија од концертот што го посетија околу 500.000 луѓе, челниците на Војводина решија да ја прекинат соработката со него токму поради присуствува на овој „усташки собир“.

Ивиќ денеска се обрати за целиот случај, преку соопштение објавено на неговиот инстаграм профил.

„Воспитан сум да го сакам своето, а да го почтиувам туѓото. Во својата досегашна кариера имав чест да бидам во тим со соиграчи од сите нации, сите вери и политички убедувања. Сите судири ги имавме на терен, во духот на ферплејот, а надвор од спортскиот терен секогаш бевме нераздвојни. Таа вечер беше посебно емотивна за мене бидејќи на овој концерт бев без својот најдобар пријател Никола Покривач, кој неодамна трагично го загуби животот, а како репрезентативец ги славеше победите со стиховите на заедништво и поврзаност на сите граѓани на Хрватска со песната „Лијепа ли си…“.

Секоја негативна интерпретација на моето доаѓање на концертот, освен уживањето во песната која поврзува 500.000 луѓе, како и оддавање на почит кон мојот пријател – е нетемелна и невистинита. Секако, го почитувам правото на мојот сега веќе поранешен клуб да донесува сопствени одлуки во согласност со одредени проценки…

Ја сакам својата татковина, својот народ и својата вера“, порача Филип Ивиќ.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Filip Ivic (@ivicfilip16)

Се вчитува...