Македонската кошаркарска репрезентација во месец август ја очекуваат натпревари против Романија и Унгарија во претквалификациите за настап на Светското првенство во 2027 година.
Македонија овој циклус го дочекува со огромни промени во однос на последниот период од селекторското место па се до играчкиот кадар. Дел од стандардните репрезентативци го одбија повикот на новото раководство. Тоа не е единствениот проблем бидејќи и на оние кои што се сметаше како Стојан Ѓуроски, Лејсон Зекири и Страхил Николов се соочуваат со повреди.
„Тоа што го барав јас и мислам дека е најконкиретно е да се постави еден систем на работа кој е следниот. Сите играчи кои беа исконтактирани и најавија дека имаат било каков здравствен проблем беа упатени кон медицинскиот тим на репрезентацијата со цел да се согледа повредата и да се укаже третман со цел решавање на проблемот.
Дел од нив се појавија и навистина имаат проблем како Стојан Ѓуроски и Страхил Николов, исто како и Савичевиќ кој е денеска на собирот, но и кај него треба да се направи дополнително снимање во следните денови. Маслинко пак не се појави на тој преглед и не одговори на повикот кај медицинското лице.
Како ќе се одвиваат работите во подготвителниот период кој е многу краток и дали некој од нив ќе може да се приклучи навистина не знам“, изјави селекторот Марјан Илиевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

