Марко Копљар и дефинитивно реши да ја заврши играчката кариера откако хрватскиот ракометар сезонава се активираше повторно потпишувајќи во март со Фленсбург, но одигра вкупно 47 минути за овој клуб.
Бекот кој со голем успех во кариерата настапуваше за Веспрем, Барселона, ПСЖ… сепак останува во ракометот, прифаќајќи ја понудата да почне тренерска кариера во Германија. Потсдам е клубот што му понуди на Хрватот да биде дел од стручниот штаб, како прв асистент на тренерот Емир Куртагиќ.
Овој тим испадна од елитното друштво, но има амбиции експресно да се врати во првата Бундес-лига. Спротски директор е прославениот Боб Хенинг, кој впрочем и ја покрена иницијативата да го вклучи Копљар во стручниот штаб.
„Пресреќни сме што успеавме да го доведеме Копљар, тој се познава со Куртагиќ и убеден сум дека одлично ќе функционираат заедно. Го знам Марко од времето во Берлин, каде што беше голем професионалец, не се сомневам дека во тој правец ќе продолжи и како тренер. Планот е тој да работи интензивно со нашите млади ракометари, сигурен сум дека ќе има многу работи на кои што ќе може да ги научи“, изјави Хенинг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

