Шоуто може да почне: Свечено отворени Игрите ЕМОФ 2025 во Скопје

Скопје ќе биде центарот на европскиот младински спорт во наредните седум дена откако вечерва свечено беше отворен Европскиот Младински Спортски Фестивал, на церемонија што се одржа во СЦ „Јане Сандански“.

Македонскиот Олимписки Комитет на чело со претседателот Даниел Димевски се избори за овој голем настан да се одржи токму во нашата земја (покрај Скопје, домаќин на неколку спортови ќе биде и Куманово), а во организацијата се вклучија бројни државни институции, па така на денешното свечено отворање присутни беа и Претседателката Гордана Силјановска-Давкова и Министерот за Спорт, Борко Ристовски.

„Почитувани млади спортисти од сите европски краишта, почитувани гости и драги пријатели, голема е честа да се биде земја-домаќин на Летниот Европски младински фестивал на кои се собраа спортисти кои ја манифестираат убавата страна на сегашноста и ја најавуваат светлата иднина на европскиот спорт. Ова е врвен спортски чин, симбол на младост и на витештво во натпреварувањето, креатор на европски културен и спортски дијалог. Храбро го прифативме предизвикот да го организираме овој настан, посакувам да ја оправдаме укажаната доверба, верувам дека како држава уште еднаш ќе покажеме дека сме добри домаќини и дека имаме публика што знае да бодри и да наградува“, изјави Претседателката Силјановска – Давкова, која свечено го отвори ЕМОФ 2025.

Дел од ова масовно натпреварување ќе бидат над 4.000 спортисти, кои ќе се борат за медали во 15 различни спортови (14 од нив ќе се одржат во Македонија, а само натпреварувањето во гимнастика се одржува во Осијек, Хрватска).

Македонската делегација се појави последна на свеченото отворање, во огромен број од 181 спортист и вкупно 203 члена заедно со тренерските екипи.

Во салата беше внесен и Пламенот на мирот и пријателството што прв го носеше нашиот сребрен олимпиец Дејан Ѓоргиевски, а потоа мина низ рацете на Мила Рељиќ, Бобан Илиоски, Дарио Ивановски….

Се вчитува...