„Колку сме, толку сме… тука сме за репрезентацијата“. Позитивна е атмсоферата во нашиот национален тим во претквалификациите за СП 2027, без оглед на бројните изостаноци од важни кошаркари кои нема да можат да помогнат во овој циклус што ќе се игра во месец август.
Селекторот Илиевски и неговиот стручен штаб настојуваат да биде креиран максимално висок тимски дух, за што помош доаѓа и од беспрекорните услови што ги имаат кошаркарите, за престој во хотелот „Аполонија“ во Гевгелија, а за тренинг во комплексот НОЕЛ во Негорски Бањи, каде во идеална температура работат за време на овие жешки јулски денови.
Веќе е јасно дека ќе ја имаме улогата на аутсајдери против Романија и Унгарија, но цел на новиот селектор, како и на целокупното ново раководство на федерацијата е да се сврти нов лист, да се врати култот кон репрезентацијата, дури и во период на очигледен недостиг на квалитет.
Првите чекори секогаш се најтешки, но радува позитивниот пристап на сите вклучени од почетокот на овој процес, што е најава за подобри денови на македонската кошаркарска репрезентација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА








