Јокиќ ќе игра за Србија на Евробаскет 2025!

Српскиот селектор Светислав Пешиќ се уште тактизира со списокот на кошаркари за Евробаскет 2025, најмногу поради статусот на Никола Јокиќ, кој се уште јавно се нема изјаснето дали ќе настапи за својот национален тим на претстојниот континентален собир.

Од САД утрово стигна информација што ги израдува Србите, откако новинарот Иван Сидери кој работи за „Форбс“ и важи за добро упатен во НБА-лигата обелодени дека Јокиќ ќе биде дел од Евробаскет 2025.

„Никола Јокиќ, Јанис Адетокумбо и Лука Дончиќ ќе играат за своите национални тимови на претстојното Европско првенство“, кратко напиша Сидери крај промотивното видео што го објави, доволно за еуфорија кај нашиот северен сосед.

Јасно е дека Србите со Јокиќ во тимот би биле меѓу главните кандидати за златниот медал, а останува во наредните денови да се официјализира дали ценнтарот на Денвер навистина ќе го облече повторно репрезентативниот дрес.

Евробаскет 2025 ќе се одржува од 27 август до 14 септември, а репрезентацијата на Србија е дел од групата А каде за ривали ќе ги има Летонија, Чешка, Турција, Естонија и Португалија.

Се вчитува...