Веќе традиционално, од 16 до 30 август во нашиот најголем туристички центар ќе се одржи новото издание на „Фестивалот на вода – Охрид 2025“.
Организаторите на настанот денеска официјално ја претставија и програмата на сите спортски настани за годинашното издание, во кое ќе бидат вклучени, пливањето, едрењето, веслањето, кајакот, ватерполото, нуркањето….
Се стартува со меѓународен турнир во ватерполо, во организација на „Охридски бранови“, на 16 и 17 август. Тука се и интернационалната кајак-регата, како и пливачкиот митинг во организација на „Аква спирит“.
Меѓународната едриличарска регата во организација на „Акватика јахтинг“ ќе се одржи на 22 и 23 август.
На крај, целиот настан ќе биде заокружен со Охридскиот пливачки маратон кој ќе се одржи на 30 август.
„Време е за спорт, рекреација и незаборавни моменти од нашето едно и единствено – Охридско Езеро. Голема благодарност до сите спортски клубови, организации и поединци кои се дел од фестивалот. Заедно, обединети, ги креваме спортови на вода до врвот“ – порачаа од „Ohrid Water Festival“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

