Достоен настап на Јованоска и Јакимовски во пинг-понг на ЕМОФ 2025

Фани Јованоска и Јаков Јакимовски со натпреварот во мешани двојки го заокружија својот настап на Младинските олимписки игри ЕМОФ 2025 во Скопје.

Тие загубија од романската двојка која веќе е во 1/4 финалето, а Јованоска беше многу блиску до победа против Белгијката Лесија Левицки. Во 3-тото коло Фани Јованоска имаше водство од 2-1 во сетови, но не успеа да го приведе мечот кон крајот.

Финалните натпревари во пинг-понг на ЕМОФ 2025 ќе се одиграат утре, 26 Јули, со почеток во 10:50 ч. во салата Партизан, општина Карпош.

Се вчитува...