Прославата на венчавката на францускиот репрезентативец Бенџамин Павард и неговата долгогодишна партнерка Клеопина Пниши беше обележана со голем скандал.
Фудбалерот на Интер неодамна застана на лудиот камен со атрактивна девојка од Косово, а на прекрасниот брег на Амалфи во Италија се одржа гала прослава.
Видео од венчавката што се појави на социјалните мрежи привлече големо внимание од јавноста. Имено, камерите го снимија моментот кога Павар и убавицата од Ѓаковица го покажуваат албанскиот двоглав орел на свадбената маса. Како што се очекуваше, видеото предизвика бројни реакции – некои се воодушевени, а некои се ужаснати од испадот на познатиот фудбалер.
@.travelwith.mee @Kleofina Pnishi & Benjamin Pavard #fy #goviral #foryou #fyp #albania ♬ Originalton – .travelwith.mee
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

