Веќе нема дилеми: Ферстапен ќе вози за Ред Бул и во 2026 година

Макс Ферстапен ќе го предводи тимот на Ред Бул и во следната натпреварувачка сезона од Формула 1 шампионатот, наспроти бројните шпекулации дека светскиот првак ќе го напушти тимот со кој доминираше на патеките во последните години.

Резултатите годинава не се според очекувањата, но Ферстапен нема да може да ја активира клаузулата за да си замине од Ред Бул, според која тој ќе можеше да го раскине договорот ако по трката во Унгарија се најде под третото место во генералниот пласман. Исходот на последната трка во Белгија значеше дека Макс има предност во однос на четвртопласираниот што не може да се надополни во една трка, па трката во Будимпешта нема да донесе и неизвесност околу иднината на Холанѓанецот.

„Точно е, клаузулата не може да биде активирана. Можам да потврдам со стопроцентна сигурност, Макс Ферстапен ќе вози за Ред Бул во 2026 година“, истакна Хелмут Марко, советникот кој важи за „алга и омега“ во тимот на Ред Бул.

Се вчитува...