Македонскиот фудбалски шампион Шкендија испиша историја откако стана само вториот тим во нашата независност кој успеал да обезбеди европска есен. Тетовци вчера славеа и на гостувањето во Букурешт кај ФЦСБ овојпат со 1-2 и со тоа и дефинитивно обезбедија лигашки дел во едно од трите натпреварувања во Европа.
Честитки за големата победа испрати и првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ.
„Шкендија честитки за победата и пласманот во 3. коло од квалификациите за Лига на шампиони. Чекор по чекор, заеднички докажуваме дека во Македонија се игра квали етен фудбал. Честитки до фудбалерите, стручниот штаб, управата и навивачите на ФК Шкендија. Продолжете да нѐ радувате. Се надеваме на нови победи во европските натпревари“, се вели во објавата на првиот човек на ФФМ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

