На Вардар му се случува најлошото сценарио: Губи со 3-0 од Лозана на полувреме

ЕКИПА во Лозана
Горан Бошев

Вардар на полувремето има лош резултат на гостувањето во Лозана, и губи од истоимениот тим со 3-0 на полувремето, со што има резултат кој го елиминира од понатамошните натпревари во Лигата на Конференции.

Вардарци примија гол, и потоа веднаш имаа шанси да израмнат, но Мато пропушти одлична можност и не го совлада Летица.

Сето тоа беше казнето со втор гол, а потоа и со трет, со што швајцарскиот тим со кој Лозана сега има вкупна предност од 4-2. Ако сака да остане во игра, Вардар како знае и умее мора да го најде патот до голот во вториот дел.

Стрелци за Лозана беа Дусене кој со глава по нафрлен корнер погоди, а потоа стрелаше и Сене кој по една добра акција го лобуваше Талески. Сене пред финишот на полувремето погоди и за трет погодок.

Се вчитува...