Модриќ дебитираше за Милан во поразот од Челси (ВИДЕО)

Еден од најдобрите фудбалери на 21. век Лука Модриќ го имаше своето деби за Милан, во поразот на „росонерите“ на пријателскиот меч од Челси со 3-1.

Англичаните поведоа со 1-0 со автоголот на Кубис во 5. минута од мечот. Само три минути подоцна беше и 2-0 откако прецизно стрелаше Жоао Педро.

До крајот на првиот дел Кубис доби и директен црвен картон. Лука Модриќ во игра за својот нов клуб влезе на стартот на второто полувреме на место на Ричи.

Делап од пенал во 67. минута зголеми на 3-0. На 3-1 намали Фофана во 70. минута, додека конечните 4-1 беа дело на Делап во 90. минута.

Chelsea [2]-0 Milan – Joao Pedro 8'
byu/Puzzled-Category-954 insoccer

Се вчитува...