Даде гол за победа, па „настрада“ од своите навивачи (ВИДЕО)

Боливискиот тим Стронгест го победи Блуминг (3-2) на домашен терен, а стрелецот на победничкиот гол беше погоден од огномет од домашните навивачи.

Во натпреварот од 16. коло од боливиската прва дивизија, Стронгест го зачува статусот на лидер на табелата со драматична победа. За тоа беше заслужен Хуан Годој, кој постигна гол достоен за голема победа во 76. минута.

Навивачите на жолто-црните беа многу среќни поради триумфот што им беше на дофат, па решија да го прослават со огномет во правец на играчите на двата тима како знак на прослава.

Токму парагвајскиот напаѓач беше погоден, во невиден инцидент. Интимната регија на искусниот 32-годишник страдаше, а тој го напушти теренот со помош на медицинскиот персонал.

Навивачката група „УлтраСур“ му се извини на Годој, инсистирајќи дека немале ни најмала намера да користат пиротехника за да повредат некој актер на натпреварот.

Се вчитува...