Откриени деталите од предбрачниот договор меѓу Роналдо и Џорџина: Познато што ќе добие Џорџина во случај на развод

Кристијано Роналдо се вери со својата долгогодишна партнерка Џорџина Родригез. По осум години врска, португалскиот фудбалер реши да го постави „прашањето над сите прашања“, а Џорџина очекувано одговори потврдно. Дијамантски прстен веднаш заблеска на нејзината рака, за што Роналдо, кој сега има 40 години, очигледно не штедел пари. Иако двојката не откри кој го дизајнирал ова раскошно парче накит, експертите проценија дека неговата цена би можела да биде меѓу два и пет милиони долари.

Двојката се запозна уште во 2016 година, а сега е време да ја формализираат својата врска. Сепак, според португалските медиуми, Роналдо и Џорџина се осигурале во случај на непосакуван исход од меѓусебниот брак. Имено, во предбрачниот договор се дефинирани предметите што би важеле во случај на развод.

Според информациите кои ги објавија португалските медиуми, во случај на развод на Џорџина би и била загарантирана доживотна месечна сума од речиси 100 илјади евра. Покрај тоа, таа би имала и вила во Мадрид, луксузен имот од 4.000 квадратни метри што Роналдо го купил уште во 2010 година за пет милиони евра.

Иако ова се суми што на многумина им изгледаат неверојатни, во споредба со приходите на Роналдо, тоа не е голем удар. Португалецот во Саудиска Арабија заработува околу 208 милиони евра годишно, па она што Џорџина би го добила во случај на развод изгледа само „ситница“.

Се вчитува...