ТРАГЕДИЈА ВО МАКЕДОНСКИОТ ФУДБАЛ: Почина младиот член на Њу Старс, Виктор Боневски

Огромна трагедија во македонскиот фудбал, кој остана без уште еден свој млад член. Денеска, на 21 година почина талентираниот македонски фудбалер Виктор Боневски, член на ФК Њу Старс од Ѓорче Петров.

Виктор кој се бореше со малигна неоплазма на абдоменот. Тој беше опериран, но за жал, ја изгуби битката со болеста. Трагичната вест ја соопштија и од неговиот клуб ФК Њу Старс од каде со длабоко жалење истакнуваат дека загубија член на семејството кого го красеше добрина, спортски дух и огромен талент.

„Со длабока тага и неверување ја примивме веста за смртта на Виктор Боневски. ФК Њу Старс изгуби свој член, наш фудбалер и дел од семејството. Со неговата љубов кон фудбалот, посветеност и другарство, Виктор остави неизбришлив белег во нашиот клуб. Во овие тешки моменти изразуваме искрено сочувство до неговото семејство, роднините и сите блиски. Нека споменот за Виктор остане засекогаш меѓу нас, а неговата добрина и спортски дух да бидат пример за идните генерации. Нека почива во мир. Засекогаш ќе останеш дел од ФК Њу Старс“ – се вели во објавата од клубот.

Виктор Боневски беше фудбалер, чија кариера беше прекинувана во повеќе наврати, по дијагностицирање на подмолната болест, поради што замина и на лекување во Турција. Но, не успеа да ја издржи животната битка.

Се вчитува...