Ташовски: Победа што значи многу, со Господ напред да играме и на Европско првенство

Виктор Ташовски со 14 поени даде значаен придонес во денешната победа над Унгарија, прва во претквалификациите за СП 2027 со која „црвено-жолтите“ донесоа радост за крај на овој циклус.

Не беше обезбеден пласман во следната фаза, но играта и залагањето на сите кошаркари даваат за право да се верува во подобри времиња за македонската кошаркарска репрезентација.

„Конечно стигнавме до првата победа, можеби требаше и порано да се радуваме, но мора од некаде да се почне. Ова резултатски не значеше ништо на табелата, но за нас како репрезентација значеше многу. Време е да одиме напред, па со Господ напред да напредуваме, да се плассираме на едно Европско првенство. Одигравме фантастичен меч со голема енергија, покажавме дека имаме квалитет, верувам дека тој квалитете со време ќе се надоградува и ќе напредуваме“, изјави Ташовски.

Се вчитува...