Депај го напушта Бразил и се враќа во Европа?

Мемфис Депај, холандскиот репрезентативец се одлучи за неочекуван и непопуларен потег по настапите за Барселона и Атлетико Мадрид да се пресели во Бразил каде со успех настапува за Коринтијанс, но се чини дека на неговата епизода во Јужна Америка и се ближи крајот.

Имено, како што пренесуваат светските медиуми постои голема можност сега 31-годишникот за новата сезона да се врати назад во врвните европски првенства.

За фудбалерот кој е лидер по бројот на постигнати голови во холандската репрезентација постои интерес од три европски гиганти кои засега остануваат неименувани.

Покрај за Барселона и Атетлико Мадрид, Депај во минатото настапуваше и за ПСВ, Манчестер Јунајтед и Лион.

Се вчитува...