Чудотворецот Меси донесе нова победа на Интер Мајами (видео)

Лео Меси продолжува со извонредните настапи во дресот на Интер Мајами откако Аргентинецот го предводеше својот тим до победа во полуфиналето од лига-купот против Орландо од 3-1.

Орландо беше во водство се до петнаесетина минути до крајот, кога на сцена стапи Меси, најпрвин од пенал израмнувајќи на 1-1, а потоа со мајсторски гол носејќи целосен пресврт за 2-1. Конечните 3-1 во судиското продолжение ги постави Сеговија на асистенција на Луис Суарез.

Противник на Меси и соиграчите во големото финале ќе биде тимот на Сиетл, меч закажан за недела.

 

Се вчитува...