Јужноамериканските квалификации за Светското првенство во 2026 година речиси завршија, а синоќа беа одиграни натпреварите од 17. коло, по што се познати сите репрезентации учеснички на СП од овој континент.
Репрезентацијата на Парагвај ремизираше без голови со Еквадор дома и тоа им беше доволно за да се квалификуваат на Светското првенство како шеста екипа од Јужна Америка.
Парагвајците имаа корист и од поразот на Венецуела од Аргентина со 3-0.
Така, Венецуела остана на седмата позиција и во последното коло ќе се бори со Боливија за пласман во меѓуконтиненталниот бараж.
Венецуела има 18, а Боливија 17 бода. Во последното коло, Боливија го пречекува Бразил, додека Венецуела ќе биде домаќин на Колумбија, па тешки натпревари за двете селекции, а последното коло од 18 ќе се игра на 10 септември.
Селекциите на Перу и Чиле останаа без шанса за пласман на Светското првенство.
Синоќа Перу беше поразен од Уругвај со 3-0 и со тоа ги загуби и математичките шансите да се бори за плејофот во последното коло.
Пред Парагвај, пласман на Светското првенство од Јужна Америка обезбедија репрезентациите на Аргентина, Бразил, Уругвај и Еквадор, додека Колумбија ги отстрани и најмалите грижи со синоќешниот триумф против Боливија од 3-0.
Значи, од Јужна Америка, на Светското првенство во 2026 година одат: Аргентина, Бразил, Уругвај, Еквадор, Колумбија и Парагвај, додека Венецуела и Боливија ќе се борат во последното коло од квалификациите за место што води во Интерконтиненталниот плејоф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

