Лионел Меси постигна два гола во неговиот последен меч за репрезентацијата на Аргентина пред своите навивачи, во победата од 3-0 со Венецуела во квалификациите за СП 2026.
38-годишната аргентинска ѕвезда се збогува со стил, постигнувајќи два гола, а Лаутаро Мартинез додаде еден. Аргентина се пласираше на СП 2026, а запрашан за неговиот настап следното лето во САД, Мексико и Канада, Меси кратко одговори: „Ќе видиме“.
Не крие дека сака да игра на Мундијалот 2026, но рече дека ќе го следи своето тело…
„Секогаш е радост да се игра за Аргентина. Многу емоции доживеав на овој терен. Многу сум среќен, мојот сон беше да завршам во аргентинскиот дрес токму тука во Буенос Аиерес“ – рече Меси по мечот и дополни:
„Ако се погледнат моите години, логично е дека нема да успеам да играм следната година на СП. Но, одиме ден по ден, следејќи како се чувствувам, па ќе видиме. Се уште не сум донел одлука за Светското првенство“.
Меси, дебитираше на едно светско првенство за Аргентина во 2006 година на само 18 години. Од тогаш е најдобар стрелец на Аргентина со 114 гола и најмногу настапи – 194.
Аргентина во квалификациите ја очекува уште гостинскиот натпревар против Еквадор, но Меси потврди дека нема да игра на тој натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

