Младинската репрезентација на Луксембург имаше сообраќајна несреќа, мечот со Франција одложен

Пет играчи од репрезентацијата на Луксембург до 21 година се хоспитализирани по сообраќајна несреќа во северозападна Франција.

Според Фудбалската федерација на Луксембург (LFF), момчињата поминале со полесни повреди и биле префрлени во болница како превентивна мерка. Тие патувале за квалификациски натпревар за Европа со Франција , а инцидентот се случил поради тоа што на возачот на автобусот ненадејно му се слошило, по што изгубил контрола.

Натпреварот требаше да се одржи денес, но беше презакажан за 23 октомври од страна на УЕФА.

Се вчитува...