Вардаровиот фудбалер Роџерс Мато, е херој на својата Уганда во квалификациите за пласман на Мундијалот идната година. Во дуелот со Мозамбик во квалификациите, напаѓачот на Вардар постигна два гола во победата од 4-0.
Првиот гол Мато го постигна во 70. минута и во тие мигови зголеми на 2-0 за својата репрезентација. Потоа Мато постигна гол за 3-0 во 84. минута од средбата.
Уганда во моментов е второпласирана во групата со четири победи и три порази исто колку што има и Мозамбик, директниот ривал на Уганда. Прв е Алжир со 18 бодови и блиску да дојде до Мундијалот, додека селекцијата на Мато може да стигне го бараж.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

