Селекторот на Норвешка, Стале Солбакен ја повика фудбалската федерација на земјата да користи побрзи деца за да ги враќаат топките кои излегуваат надвор од теренот.
Тимот се обидува да се квалификува на својот прв Мундијал после 1998 година, е прв во групата со шест бода пред Израел. Солбакен верува дека побрзото враќање на топките може да му помогне на тимот да обезбеди пласман на Светското првенство.
„Дефинитивно тоа влијае на ритамот. Ако сакаме брзо темпо, а кога топката ќе излезе во аут не можеме да го најдеме момчето или девојчето со топката, тогаш темпото опаѓа. Мора да тренирате за такви работи, и јас сум сериозен. Тоа е проблем затоа што губите минута тука, минута таму…“, рече Солбакен.
Норвешка ќе биде домаќин на Молдавија во вторник.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

