ФИФА носи промени во календарите и датумите на натпреварите на репрезентациите

ФИФА воведува промени во фудбалскиот календар. Почнувајќи од следната година, ќе има помалку прекини во националните првенства за натпреварите на националните тимови.

Оваа година, како и во претходните години, националните тимови ќе играат натпревари во септември, октомври и ноември. Од 2026 година, септемвриските и октомвриските паузи ќе бидат споени во една, со по четири натпревари, наместо сегашните два. Следната година, периодот ќе биде помеѓу 21 септември и 6 октомври. Ова значи дека помеѓу овие датуми, националните првенства нема да се играат два последователни викенди.

Целта на оваа промена е да се намалат честите паузи на првенствата во текот на сезоната.

Се вчитува...