Селекторот на хрватската репрезентација Златко Далиќ ја коментираше победата на Хрватска на гости над Фарските Острови (1:0) во квалификациите за Светското првенство во 2026 година.
И покрај тоа што се очекуваше лесен триумф на Хрватите, сепак, на крајот „коцкестите“ победија минимално со 1-0 со голот на Крамариќ, а во финишот дури можеа да останат и без два бода, со оглед дека Фарски Острови имаше прилика да дојде до израмнување.
„Резултатот се памети, и ништо повеќе. Очекував тежок натпревар, но не волку тежок. Беше како да играме против селекција која се наоѓа во топ 5 во светот. Направивме многу грешки, но мечот ќе се заборави, најважно е што осовивме три бода. Игравме лошо, ни зададоа многу проблеми. Постојат многу причини за ова, од вештачката трева, невремето кое се случи за време на мечот, имавме многу промени во составот и некои играчи недостасуваа. Се надевам дека нема да се повтори. Загрижен усм што бевме полоши од противникот. Како да ни недостасува желба, и тоа ме загрижува“, вели Далиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

