БиХ броеше до шест во Сан Марино, „реми“ во Даблин и победа на Австрија

Репрезентацијата на Унгарија беше на добар пат да ја оствари првата победа во првиот меч во квалификациите за пласман на Светското првенство, но „прокоцка“ предност од 0-2, за на крај Република Ирска да дојде до 2-2 и до бод од овој натпревар.

Варга во втората минута и Салаи во 15-тата гонесоа предност од 0-2 уште во раната фаза од мечот. Се играше 49. минута Фергусон намали на 1-2, а потоа Салаи заработи црвен картон, што им овозможи на Ирците да бркаат израмнување. До него дојдоа со голот на Идах во третата минута од судиското надополнување.

Селекцијата на Босна и Херцеговина дојде до четвртиот триумф во квалификациите, откако го совлада Сан Марино со убедливи 0-6. „Аматерите“ добија црвен картон уште во 16. минута, а тоа им ја олесни работата на гостите. Тахировиќ во 21. минута го отвори резултатот, а 0-1 беше актуелен резултат до 70. минута, за во последните 20 минути дури пет гола.

Един Џеко потоа стапи на сцена во 70 и во 72 минута донесе 0-3, за до крајот да погодат и Баждар, Алајбеговиќ и Мујакиќ за конечните 0-6.

Австрија потешко од очекувањата дојде до победа на домашен терен против Кипар од минимални 1-0. Голот вреден три бода го постигна Марсел Сабицер во 54. минута од белата точка.

Се вчитува...